(ФОТО) И уметниците му оддаваат почит: Мурал со ликот на Џеј Рамадановски – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 2:25 PM

(ФОТО) И уметниците му оддаваат почит: Мурал со ликот на Џеј Рамадановски

Уметник од Добој, Дени Божиќ, направи мурал посветен на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември во неговиот стан во Белград.

Уметникот Дени Божиќ продолжува на овој начин да му дава уметнички дух на неговиот град, пренесува N1.

Во своите дела, тој отсликува едно време кое е зад нас, но им оддава почит и на актерските и музичките легенди, а сега наслика мурал посветен на Џеј.

Божиќ на својот Инстаграм профил објави фотографии од своите уметнички дела.

Да потсетиме, легендарниот пејач на народна музика, Џеј Рамадановски, почина во неделата на 6 декември во неговиот стан во Доркол, а според nova.rs, причина за смртта бил срцев удар кој го доживеал во сон.

Пејачкот ќе биде погребан во петок во 14.30 часот во Алејата на заслужени граѓани на Новите гробишта.

Преземено од: https://nova.rs/