Петмина загинати во хеликоптерска несреќа на фрaнцуските Алпи – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 8:18 AM

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа на фрaнцуските Алпи

Во хеликоптерска несреќа што се случи вчера на француските Алпи пет лица го загубија животот, а едно е повредено и се бори за живот. Хеликоптерот превезувал воздухопловен спасувачки екипаж, составен од двајца пилоти, двајца техничари и двајца горски спасители. Се урнал од височина од 1.800 метри, пренесуваат агенциите.

Еден од двајцата пилоти успешно ја активирал функцијата катапултирање со седиште. Така успеал да ги извести властите за несреќата. Властите испратиле три хеликоптери, но не можеле да се приближат до местото на несреќата поради магла, а спасувачките служби, исто така, се обиделе да пристапат по копно.