Сите ќе уживаат во слаткиот вкус: Едноставен рецепт за чоколадна обланда – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 11:48 PM

Сите ќе уживаат во слаткиот вкус: Едноставен рецепт за чоколадна обланда

Сите сакаат обланда со чоколада, а сега постои едноставен рецепт со кој лесно ќе направите вкусен десерт во кој ќе ужива целото семејство.

Состојките кои ви се потребни се следните:

4 јајца

12 лажички шеќер

100 грама чоколада

250 грама маргарин

1 обланда

Начин на подготовка:

Измешајте ги јајцата и шеќерот и гответе на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Во оваа смеса додадете ги маргаринот и чокладата. Продолжете со мешање се’ додека состојките не се соединат.

Со вака приготвениот топол фил, исфилувајте ја обландата, притиснте и оставете да се излади, па сечете според посакуваниот облик.

 

Фото:  Илустрација / Lako je kuvati

Извор:        informer.rs