Доколку вашиот буџет за козметика подразбира купување мултифункционални произвводи тогаш дефинитивно треба да имате бебешка пудра во својот дом. Бебешкат пудра е практична поради многубројните намени. Ќе ви помогне кога немате доволно време да ја измиете косата, но и кога сакате карминот подолго да ви трае.
Го зголемува волуменот на трепките
Нанесете мал слој од бебешката пудра на трепките, помеѓу два слоја маскара. Пудрата ќе им додаде должина и волумен на трепките. Освен тоа, ако вашата маскара има потечна формула, односно не е претерано густа, бебешката пудра ќе спречи таа да се размачка – вели Кристина Марал, експертка за убавина.
Суво миење на косата
За овој трик веројатно веќе сте чуле. На врвовите на прстите нанесете малку бебешка пудра, втријте ја на коренот на косата и потоа исчешлајте ја косата. Бебешката пудра ќе го впие вишокот маснотија од темето на главата и ќе го зголеми волуменот.
Поголема долготрајност на карминот
Кога шминкам некој кој го очекува долга ноќ, односно личност на која шминката треба да и’ трае цела ноќ, помеѓу двата слоја кармин секогаш нанесувам тенок слој бебешка пудра. По првиот слој кармин притиснете хартиено марамче на усните за да се собере вишокот, а потоа со четкичка нанесете тенок слој од пудрата. Потоа повторно нанесете кармин и спремни сте – вели Гари Баренс, сопственик на онлајн продавница за шминка.
Отстранете го песокот од кожата
Мојот омилен трик со бебешка пудра го практикувам на плажа. Ако нанесете тенок слој, песокот нема да се лепи и ќе можете со лесен допир да го оттраните од кожата – вели друг експерт.
Го отстранува непријатниот мирис од патиките
Немате време да се истуширате откако сте биле во теретана, а нозете ви се испотени? Ставете малку бебешка пудра во патиките бидејќи на овој начин ќе се апсорбира непријатниот мирис.
Извор: stil.kurir.rs