Студира квантна физика, а во слободно време продава гаќички: Илјадници луѓе досега ја купиле нејзината долна облека – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 10:52 PM

Студира квантна физика, а во слободно време продава гаќички: Илјадници луѓе досега ја купиле нејзината долна облека

Студентка се збогатила од продажба на своите гаќички, а понекогаш мажите и’ праќаат пари, како што вели таа, без причина. Со ваквиот бизнис, студентката ги плаќа своите студии, а потребно е само на купувачите да им ги прати гаќичките што ги користела.

По Ноќта на вештерките сакала да го продаде својот костим, па на интернет страницата за продажба, еден човек и’ понудил пари само за ракавиците што ги носела, а тоа и’ ја отворило вратата кон целосно нов пазар. Нејзината страница на која ја продава долната облека, веќе ја посетиле над дваесет илјади луѓе, а студентката по квантна физика вели дека потрошувачката е толку голема што веќе не ги ни пере гаќичките.

„Вообичаено работите ги носам по еден или два дена и живеам нормален живот, пред да добијам нарачка. Некои од купувачите бараа и да вежбам во хеланки пред да им ги пратам гаќичките. Еден бараше да облечам хулахопки и да газам по овошје. Сакаше да му го пратам овошјето, но и хулахопките. Тоа траеше десетина секунди, а јас добив пари за тоа“, изјавила студентката за англиските медиуми.

Нејзиното момче знае со што се занимава таа и и’ дава голема поддршка. Многу мажи сакаат да и пратат пари дури и без причина.

„Прво мислев дека се работи за некаква измама, но се согласив. Очекував дека тогаш ќе ми кажат нешто да направам за тие пари, но сепак тоа не се случи. Развивме пријателство и сега ми праќаат пари на неколку недели“, додада студентката.

 

Фото:   Илустрација/freepik.com

Извор:         mondo.rs