Тандерси го добиваат Мициќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 7:18 PM

Тандерси го добиваат Мициќ

Српскиот кошаркар и играч на турски Ефес, Василије Мициќ, станува нов кошаркар на Оклахома Сити Тандер, потврдија официјално од НБА клубот.

Поранешниот финалист во најквалитетната светска кошаркарска лига, после трејд ги доби правата над одличниот плејмејкер од Филаделфија, кој беше драфтуван од овој клуб во 2014 година.

Мициќ доаѓа во НБА од турската лига, каде што играше повеќе од две години и израсна во еден од најдобрите европски кошаркари. Во кариерата настапуваше и за Мега, Црвена Ѕвезда, Жалгирис, минхенски Баерн и Тофаш.

Во Евролигата оваа сезона забележува 12.7 поени во просек по натпревар и 5.3 успешни додавања.

 

Фото:

fiba.basketball