Пипен: „The last dance“ е создаден за глорификација на Мајкл Џордан – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 6:50 PM

Пипен: „The last dance“ е создаден за глорификација на Мајкл Џордан

Еден од најдобрите кошаркари во ’90-те години, „хол оф фејмерот“ и омилениот соиграч на легендарниот Мајкл Џордан, Скоти Пипен, незадоволен е од документарниот филм „The last dance“ кој на „Нетфликс“ пролетва ги руши сите рекорди на гледаност.

За него документарното парче е исклучиво во функција на глорификување на ликот и делото на Мајкл Џордан, додека пак останатите кошаркарки кои биле есенцијални во шесте титули на Чикаго Булс во златната ера биле ставени на маргините и не им било посветено доволно внимание.

-Не мислам дека во филмот беше прикажано со целосна точност она што го постигна еден од најголемите тимови во историјата на НБА. Мислам дека филмот беше повеќе за ликот и делото на Мајкл Џорџан и негов обид да се стави на пиедесталот и да биде глорификуван. Од друга страна пак, се создаде контра-ефект, бидејќи некои луѓе дознаа каков карактер бил самиот Џордан, изјави Пипен за „Тhe Guardian“.

Пипен додава дека за ова зборувал лично со Мајкл и директно ги кажал неговите забелешки, а Џордан изненадувачки ја прифатил без никакви проблеми критиката и се согласил со него.

Покрај Пипен и многу други соиграчи и актери во документарецот манифестираа незадоволство од прикажаните настани и самата приказна. Хорас Грент неодамна изјави дека „Тhe last dance“ е глупост полна со лаги, креирана со цел да се оправдаат одредени постапки на Џордан во минатото, внатре и надвор од теренот.

 

 

Фото:

espn.com