Љубовни лекции што треба да ги научите пред триесеттиот роденден – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 9:05 PM

Љубовни лекции што треба да ги научите пред триесеттиот роденден

Доколку се ближи вашиот триесетти роденден, вистинско време е да почнете да размислувате за вашиот љубовен живот. Постојат пет работи кои треба да ги имате на ум додека ја преиспитувате вашата состојба на љубовен план.

Дефинирање на врската

Веќе некое време излегувате со нов партнер и ви се чини дека се’ е супер. Знаете дека тој ви се допаѓа, а делува дека и нему му се допаѓа целиот меѓусебен однос. Веќе сте им соопштиле за новата врска на своите најблиски. Меѓутоа, никогаш не сте го прашале дали можеби се гледа и со некоја друга личност, освен со вас. Значи, додека не позборувате за „ексклузивноста“ на вашата врска не правете претпоставки за својот љубовен статус, односно немојте да дефинирате дека сте во врска се’ додека и другата страна не го потврди истото.

Романтиката мора да биде дел од врската

Малите гестови како подарувањето цвеќе, чоколада или некои други симболични подароци е јасен показател дека партнерот се грижи за вас. Доколку малите гестови не се дел од вашата врска, можно е таа да не се движи во вистинскиот правец.

Не ви треба маж за да бидете целосни

Доколку и понатаму ја чекате вашата „друга половина“, знајте дека можеби и никогаш нема да ја дочекате. Можеби не можете да најдете партнер што ќе ве усреќи и доколку се опседнете со тоа никогаш нема да се чувствувате исполнето. Неопходно е прво да бидете сами со себе во склад за да имате соодветна врска.

Просторот е добра работа

Ништо не е посекси од личност која е сигурна во себе. Самодовербата ги зголемува шансите дека партнерот ќе ве почитува многу повеќе. Просторот и времето што ги имате за себе всушност се одлична и корисна работа. Секој кој ќе забележи дека сте самостојна и независна личнст, многу повеќе ќе ве почитува, отколку ако забележи дека секогаш очекувате помош од некој друг.

Она што е добро на почеток, добро  е и на крајот

На почетокот на врската обрнете внимание на однесувањето на партнерот. Како тој се однесува на почетокот на врската е темел за неговото подоцнежно однесување. Се’ што ви се чини како доблест на самиот почеток најверојатно е нешто што ќе го следи целиот ваш однос. Но, ова правило најчесто важи и за помалку убавите работи.

 

Извор:  pink.rs