По 70 години Икеа го укинува својот годишен каталог – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/20 10:19 AM

По 70 години Икеа го укинува својот годишен каталог

Икеа го укниува својот годишен каталог по 70 години објавување.

Шветскиот гигант вели дека причината за укинување на каталогот е се поголемото онлајн „разгледување“ и купување. Преку соопштение Икеа извести дека „донесле емоционална, но рационална одлука со почит да заврши успешната кариера“ на принтаните и дигитални верзии на каталогот.

– Вртејќи нова страна со нашиот каталог е всушност и природен процес бидејќи медиумската потрошувачка и навиките на купувачите се сменети, вели Конрад Грус, извршниот директор на Икеа.

Првиот каталог Икеа го објавила на шведски во 1951 година. Двојната верзија, онлајн и печатена, беше објавена во 2000 година, а на врвот во 2016 година Икеа издаде 200 милиони печатени копии на 32 јазици.

Во последните години Икеа драстично го сврте својот фокус на дигитална продажба и маркетинг. Најголем пораст онлајн продажбата доби за време на пандемијата кога милиони луѓе ги претворија своите домови во канцеларии и училници, со продажба поголема од 45 отсто во текот на 12 месеци до август, водена од четири милијарди посети на вебсајтот.

Сепак големите „магацински“ продавници и малите кафулиња остануваат значаен дел од планот за раст на компанијата. Извршниот директор на групацијата Интер Икеа, Абрахамсон Ринг, вели дека купувачите се уште сакаат да ги „допрат и пробаат“ нивните производи. Икеа ќе продолжи да користи „целосен пристап на пазарот“, нудејќи помали изложбени салони во центрите на градовите, преку традиционалните приградски Икеа продавници и интернет центрите.

Каталогот Икеа 2021 година издаден во октомври ќе биде последната верзија. За следната година Икеа најави помала книга исполнета со инспиративни идеи и знаење за уредување на домот, што ќе ја слави историјата на каталогот.