Победникот на светското фудбалско првенство во Катар во 2022. година ќе заработи дури 50 милиони долари, а секоја репрезентација за пласман на Мундијалот ќе добие по десет милиони долари, плус два милиона како бонус за подготовки.
Наградниот фонд за следното светско првенство би требало да изнесува околу 700 милиони долари, што е за 22 проценти повеќе во однос на Мундијалот во Русија. Износот одреден за надоместок на клубовите ќе биде дополнително одреден.
Победникот на СП ќе заработи 50 милиони долари, додека Французите пред две години инкасираа 38 милиони длари, а Германија славеше во Бразил во 2014 со 35 милиони. Така, за секој учесник има загарантирана сума од 12 милиони долари. Пласманот во осмина-финалето носи уште по два, а во четвртфинале дополнителни шест милиони долари.
Влезот во полуфиналето вреди 25 милиони долари, третото место 30, финалето 40, а титулата првак 50 милиони долари.
Извор: vijesti.ba