Утре сончево време, но од среда облачно со пообилни врнежи од дожд – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 7:26 PM

Утре сончево време, но од среда облачно со пообилни врнежи од дожд

Сончево време со мала до умерена облачност не’ очекува утре во земјава. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени – соопшти попладнево УХМР.

Во Скопје сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во среда повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.