Неколку стари познаници, неколку нови репрезентации со кои ќе се соочиме за првпат во еден квалификациски циклус. Македонската фудбалска репрезентација ги доби своите противници во квалификациите за Светското првенство во 2022 година во Катар.
Во групата Ј, момците на Игор Ангеловски ќе ги вкрстат копјата со Германија, Романија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија. Квалитетот од циклус во циклус станува многу поизразен, а компетитивноста дополнително се зголемува, но впечатокот е дека оваа група во споредба со останатите е група во која Македонија може да направи исчекор и да создаде уште едно изненадување.
Во продолжение ви ги претставуваме и останатите девет квалификациски групи:
Група А: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург и Азербејџан
Група Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија и Косово
Група Ц: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија
Група Д: Франција, Украина, Финска, Босна и Херцеговина и Казахстан
Група Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија
Група Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел и Фарски Острови
Група Г: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Латвија, Гибралтар
Група Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар и Малта
Група И: Англија, Полска,, Унгарија, Албанија, Андора и Сан Марино
Фото:
Тwitter / @macedonianfooty