Откако остана без клуб во текот на летото, поради недисциплинираното однесување и несериозниот пристап во Бреша, поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели од денес има нов клуб.
Балотели му се придружува на Кевин Принс Боатенг во проектот создаден од поранешниот спортски директор и потпретседател на Милан, Адријано Галијани. Некогашниот освојувач на Лигата на Шампионите со Интер, како слободен играч потпиша за второлигашот Монца и ќе се обиде амбициозниот тим да го доведе во Сериа А.
По 10 одиграни коло во второто по квалитет италијанско клупско натпреварување, екипата на Монца се наоѓа на деветтата позиција со 14 освоени поени.