Алармантно во Словенија: Цела земја прогласена за високоризично подрачје поради птичји грип – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 6:13 PM

Алармантно во Словенија: Цела земја прогласена за високоризично подрачје поради птичји грип

Словенечката Дирекција за безбедност на храна, ветеринарен сектор и заштита на растенијата денес ја прогласи цела Словенија за високоризична област поради појава на птичји грип, и по третиот случај на заболување во таа земја.

Првите два случаи беа откриени во приморскиот град Пиран, а третиот во Љубљана, поради што Дирекцијата им наложи на сите што имаат живина да преземат заштитни мерки. Министерството за земјоделство, шумарство и храна издаде и наредба одгледувачите доследно да ги спроведуваат сите превентивни мерки и да го зајакнат надзорот врз животните.

Птичјиот грип е многу заразна болест која може да ги погоди сите видови птици, а се пренесува со контакт на здрава и заболена птица. Исто така може да се пренесе и по пат на производи од нив кои не се доволно термички обработени. Иако луѓето не може да се заразат, тие може да ја шират болеста преку чевлите, опремата и превозните средства.

 

 

Фото: gov.si

Извор:  novosti.rs