Oна што сега е Бруно Фернандес за Манчестер Јунајтед, тоа за фановите на англискиот гигант, но и за останатата фудбалска јавност требаше да биде Пол Погба. По враќањето на Французинот од Јувентус, Погба никогаш не успеа да го оствари огромниот потенцијал и да стане лидер на „црвените ѓаволи“. Повредите, релациите со тренерите и неконзистентноста во игрите, стомилионскиот Погба претворија во „уште само еден обичен фудбалер“ подготвен за заземање на првото место на трансфер листата.
Шпекулациите за неговата иднина во последната година дополнително се засилија, откако тој и неговиот агент во неколку наврати јавно го изразуваа незадоволството и „флертуваа“ со клубовите од Европа.
Популарниот агент кој во времето на Фергусон и не беше баш пожелба личност на „Олд Трафорд“, повторно ја бранува јавноста и овојпат за разлика од претходно, без влакна на јазикот и директно го кажува тоа што отприлика сите го знаеја. Во утрешниот број на италијански „Тутоспорт”, Раиола во интервју соопштува дека приказната на Пол Погба и Манчестер Јунајтед е завршена.
Фрацускиот светски првак уште во јануарскиот периоден рок ќе се обиде да се пресели во нова средина, а Манчестер Јунајтед отсега бара клуб кој ќе ја плати посакуваната сума за трансферот.
Фото:
еurosport.com