Новиот црногорски премиер и дел од министрите на првата владина седница пристигнаа со такси – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 5:32 PM

Новиот црногорски премиер и дел од министрите на првата владина седница пристигнаа со такси

Новата црногорска влада ја одржа првата седница, а премиерот Здравко Кривокапиќ на седницата пристигна со такси.

Судејќи по фотографиите објавени во црногорските портали, со такси стигнале и дел од министрите. Некои стигнале пешки, а потпретседателот на владата, Дритан Абазовиќ дошол со ауди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Бунт Црна Гора (@bunt_cg)

 

Кривокапиќ претходно најави  дека нема да ги користи државните ресурси во приватни цели и дека доколку потроши и едно евро од државните пари, ќе си поднесе оставка.

Новата црногорска влада беше изгласана во петокот по тридневна расправа, со гласови на парламентарното мнозинство сочинето од трите коалиции – „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно на бело“.