Секој од нас знае дека сме спремни на сѐ за да си ги одбраниме крзнените миленици од опасност.
Кејлеб Бенхем, дечко од Невада, Калифорнија, седел спокојно во својот дом на ден пред Денот на благодарноста, сѐ додека не се згрозил од глетката што ја видел низ прозор.
Огромна мечка го влечела за лице неговото куче кое се обидувало да се спаси од нејзините канџи. Кејлеб не помислил на ништо друго освен самиот тој да излезе и да се справи со печката.
„Единственото нешто што ми падна на ум е да си го спасам кучето сам“, вели Кејлеб. „Се затрчав, се фрлив на мечката и со едната рака ја фатив за врат, а со другата ја удирав по лицето и очите додека не го ослободи моето куче Бади“, додава Кејлеб.
За среќа, Бади успеал да го преживее нападот и веќе заздравува од нападите, но Кејлеб вели мечката од 150 килограми веќе во неколку наврати пак се појавила на неговиот имот и сега стравува дека ќе се враќа сѐ додека не дојде до својот „плен“ Бади.
Само едно сме сигурни: колку пати и да се врати мечката, Кејбел ќе биде спремен за нова пресметка со непријателот.
Како изгледал Бади во процесот на заздравувањето од нападот на мечката, погледнете во фотографиите кои ги издвоивме.
Фото: Kaleb Benham