Двајца повредени откако излета возило кај Стар Караорман – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 12:26 PM

Двајца повредени откако излета возило кај Стар Караорман

Речиси на истото место, познато по честите сообраќајни незгоди на патот меѓу штипските села Стар и Нов Караорман, вчера попладне излета патничко возило, чиј возач,според очевидци, со тешки маки успеал да го задржи на тркала.

Според СВР Штип, на 06.12.2020 во 14.00 часот на регионалниот пат Штип – Аргулица, патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(32) од Штип, излетало надвор од коловозот.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., додека сопатникот Д.Ш.(34) од Штип со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти СВР Штип.