Најмалку едно лице починало а 227 се хоспитализирани поради „неидентификувана болест“ во државата Андра Прадеш во Индија.
„Би-Би-Си“ наведува дека пациентите имале широк спектар на симптоми, од гадење и напади до губење свест.
Официјални лица ги истражуваат причините за болеста што го „нападна“ градот Елуру.
Индија се уште се бори и со пандемијата на коронавирус и има втора највисока стапка на зараза во светот. Адра Прадеш е една од најлошо погодените држави, со повеќе од 800.000 илјади случаи.
With more than 250 people now affected, the situation in #Eluru is worsening. I demand an impartial, full-fledged inquiry into the incident. Floods, cyclone or healthcare, the YSRCP Govt has been caught napping in emergency situations. (1/3)
— N Chandrababu Naidu #StayHomeSaveLives (@ncbn) December 6, 2020
Сепак се верува дека коронавирусот не е причина за хоспитализацијата на пациентите во текот на овој викенд. Министерот за здравство вели дека пациентите биле со негативни тестови на коронавирус.
– Луѓето на кои им беше лошо, особено децата, повраќаа и се жалеа на болки и горење во очите. Некои од нив се онесвестуваа и имаа напади, вели медицинско лице од државната болница во Елуру за весникот „Индијан Експрес“.
The GoAP’s (mis)handling of the Eluru incident reeks of suspicion. The mortal remains of Sridhar, who succumbed to the mysterious illness were handed over to his family yesterday evening. (1/2) pic.twitter.com/cJF3F462Cf
— N Chandrababu Naidu #StayHomeSaveLives (@ncbn) December 7, 2020