Докторке, имам ковид, те молам јави се – Прим. д-р Маја Кирјас емотивно објасни со што се соочуваат лекарите – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/20 12:11 AM

Докторке, имам ковид, те молам јави се – Прим. д-р Маја Кирјас емотивно објасни со што се соочуваат лекарите

Прим. д-р Маја Кирјас од Универзитетската клиника за уво, нос и грло, секојдневно се бори со корона вирусот и, заедно со нејзините колеги веќе се соочува со тажните судбини на луѓето, кои се соочуваат со губење на свои блиски поради корона вирусот. Како лекарите функционираат во ова корона лудило таа опиша во статус на својот Фејсбук профил, па иако се на првата борбена линија и кај нив постои стравот за здравјето на пациентите и нивните најблиски.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Спремна.. тргаш на викенд дежурство.. забрзано одиш кон својата матична установа… Ентузијазмот како и секогаш го носиш со себе и одеднаш чекорејќи по скалите кон клиниката налетуваш на луѓе кое плачат….изгубиле член од своето семејство! Нееее, не уште една жртва.. не е можно! Главата ја наведнуваш доле , ти навираат солзи ( правејќи се храбар),занемен пред тажната глетка!Мора да успееме.. не смее да губиме животи!

Сплотени како едно.. доктор, медицинска сестра, болничар.. сите инволвирани во борбата против еден монструозен непријател ! Еден трча да започне смена, друг истоштен си оди по скалите непрепознавајќи го својот колега од премор..Немаш време да се пресоблечеш..звони телефонот со молба за помош, по два чекора гледаш бројни пораки на сите мрежи “ имам ковид- те молам јави се”.. Како мултитаб систем се во исто време! Кој има приоритет? Сите, морам да зборам со сите, морам да помогнам секому! Го гледаш оскудниот список на малкумина доктори останати на клиника и молиш Бога да се сите добро , да издржат храбро за помош на сите. Се јавува твојата мајка да праша како си.. “ мамо се е супер ( ја храбриш знаејќи дека е во страв за тебе)”, “ само кажи ми мамо се стемни или ден е уште надвор”… изгубен осет за време!

Порака со желба за убав ден од својот сакан брат кој живее вон МК… “ Чувај се и издржи , ќе биде се добро”.. вечен оптимист! Изнудува внатрешен мир! Кога ли ќе можам викенди да одам кај него, кога ќе се смееме како деца? Набрзо …. !

Каде се моите другарки, моите патувања, дружби, музика…. Каде е се она што го имавме до пред речиси една година! Вибер заедничка другарска група со  слика од пред една година ….Не знаевме што имаме и колку бевме срекни!

Доаѓаш дома.. фрлаш се од себе…сакаш да ги изгушкаш своите најмили…

Го гледаш своето дете , својата мајка… сакаш да ги гушнеш! Не, се кршиш од внатре.. не смеам , можеби сум носител на вирусот!

Керката извикува радосно “ мамо дојде”….Желба да ја изгњавиш, бакнуваш… не ,не смеам и ја бакнувам по нежното ноџе.

Ајде на воздух дете мое, брзо прошетка ми треба! Но, не е доволно да ги вратиш своите чувства назад и да се апстрахираш од се, од битките со кои ги губиме луѓето! ( кај нас и секаде во светот…страотни бројки)!

“ Миа , повози ме со кола,пушти музика гласно  и те молам запеј со својот глас како славеј”! До негде ја вракаш својата, убавата енергија.. но, треба време да ги излечиме сите лузни!

И наредниот ден ист… ставаш “ фасада со насмевка на тебе”, а внатрешно боли ! Ќе мине набрзо се, ќе се врати и убавата енергија кај сите нас… мора да биде така и никако поинаку!!!

Spremna.. trgash na vikend dezurstvo.. zabrzano odis kon svojata maticna ustanova…
Entuzijazmot kako i sekogas go…

Spremna.. trgash na vikend dezurstvo.. zabrzano odis kon svojata maticna ustanova…
Entuzijazmot kako i sekogas go…

Posted by Maja Kirjas on Sunday, December 6, 2020