Песната „Недела“ е пуштена на најгласно во населбата Дорчол во Белград, каде живееше, сега веќе починатата музичка легенда Џеј Рамадановски, но и околните населби. На овој начин тие му оддаваат почит на Џеј, кој на 57 години, почина денес поради проблеми со срцето.
Studentski park . Muzika , pustaju mladi . Dzej .
Kuma poslala . pic.twitter.com/xMZB15Cqc7— Nena previse je (@schknedla) December 6, 2020
Станарите во зградите ги отвориле прозорците и сите во глас го пееле неговит најголем хит „Недела“, но и многу други, а ги имаше премногу, бидејки ретко која песна не му беше хит.
Во многу од нив како да си ја испеа судбината. „Недела и сите сте тука, а мене со вас ме нема“, или на другиот хит „Запалите ги свежите, како да ме нема, во чиј стих се вели- „Ми пукна срцето, како да е од стакло“.
Фото: Твитер