За една недела собрани средствата за лекување на малиот Михаил – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/20 4:29 PM

За една недела собрани средствата за лекување на малиот Михаил

Откако во медиумите беше објавен апелот за помош за лекување на Михаил Ристовски чија лева рака не функционира, парите беа собрани за една недела. Се работи за помош од 15 000 евра, средства кои се потребни за терапија во приватна болница, бањско лекување, сместување патни трошоци и слично.

 Од тетовското семејство искажаа голема благодарност до сите хумани луѓе и организации. Без нивна помош ќе немавме можност да го лекуваме Михаил, затоа што се работи за приватна болница, која нема склучено договор со Фондот здравство, велат од семејството.

Михаил најверојатно ќе биде испратен на лекување околу средината на јануари наредната година.

Семејството Ристовски има уште две деца и е на работ на егзистенција, откако таткото на Михаил мораше да ја затвори фирмата поради корона кризата, а мајката не можи да оди на работа затоа што мора постојано да се грижи за Михаил, чија лева рака не функционира. Се надеваат дека раката ќе проработи по добиениот третман во Белград, за што добиле ветување од тамошните лекари.    

з.д