Познатиот фолкер Џеј Рамадановски починал денес од срце. Само пред неколку дена, тој во последното интервју изјави дека коронавирусот може да биде фатален за него поради неговата сериозна здравствена состојба и дека не треба да ја напушта куќата и да биде во строг карантин.
-Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразувам. Јас веќе имав проблеми со здравјето на срцето и вирусот може да биде фатален за мене. Не ги гледам ниту моите најдобри пријатели и морам да признаам дека многу ми недостига кафаната. Боем сум во душа и едвај чекам повторно да одам во некоја биртија кога сето ова ќе заврши, иако не требаше да пијам – рече неодамна.
Како што дознавава пинк.рс , екипата на Брза помош пристигнала на неговата адреса денес, и тие извршиле реанимација, но за жал немало помош за фолкерот.
Џеј пред три години ги оперирал залистоците на срцето во Виена и од тогаш лекарите му рекле дека мора строго да води сметка за здравјето и исхраната, но тој за ништо не ги послушал.
– И денес сум во контакт со лекари од Австрија. Ме контролираат и ме потсетуваат да се грижам за себе, да избегнувам големи собири и да гледам што јадам. Но, нема ништо од мојата диета и здравиот живот. Јас станав дебел, бидејќи слабо се движев. Лекарите ми велат дека морам да гледам што јадам, и нарачувам нездрава храна. Исто така, сакам да пијам, иако тоа ретко го правам сега затоа што не гледам никого, пишува србијадаснас.рс.
Иако алкохолот го намалил, пејачот не можел да се откаже од тутун:
– Не се откажував од цигарите, се обидував неуспешно со години. Јас се борам со тој порок, се обидувам да се откажам, но не оди. Што ќе правам кога ќе ги сакам – рекол тој.
И покрај тоа што е изолиран од повеќето луѓе, Рамадановски сепак не можеше да се оддели од своите внуци, иако децата се носители и на коронавирусот.
– Не можам без внуците. Јас поминувам време со нив и тоа ме исполнува. Најубаво е во кругот на семејството. Сега сум вистински дедо во пензија. Фала му на Бога, имам доволно голема австриска пензија, така што не чувствувам голема криза што не пеам никаде. Мојата пензија е доволна за да живеам, не се жалам. Работев цел живот, зошто да не уживам во пензионерските денови сега! – рекол пејачот во последното интервју.
Фото: srbijadanas.com