Мода за време на корона: Чевли за држење дистанца – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/20 3:30 PM

Мода за време на корона: Чевли за држење дистанца

Чевлар од Романија кој направи огромни чевли за време на првиот бран на коронавирусот, за да им помогне на луѓето да одржуваат дистанца изработи и нова колекција на зимски обувки.

Григор Луп кој во мај изработи чевли со европски број 75, вели дека неговите кондури се продаваат низ светот и дека оваа идеја всушност му помогнала да ја сочува својата работилница во Члуј.

Луп огромните чевли почнал да ги изработува бидејќи забележал дека луѓето стојат премногу блиску еден до друг и не ги почитуваат мерките за дистанцирање. Така сега двајца кои носат негови чевли ќе бидат приморани да стојат на далечина од два метри.

Луп за ваквите чевли го контактирале и уметници, вклучувајќи и белгиска танчерска група и американски рок бенд.

Освен чевли Луп изработил и чизми со број 75, а еден пар од нив чини 150 евра.

– Чизмите се со крзно и имаат дебел ѓон, а за нивната изработка потребно е трипати повеќе кожа отколку за обичен пар чевли, вели Луп.

Тој претходно изработувал обувки главно за театрите и за традиционалните ансамбли, но поради коронавирусот обемот на работа се намалил.