Се’ беше маркетиншки трик, ние се сакаме: Сопругот на Тања Савиќ со нови детали за нивниот однос – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 9:54 PM

Се’ беше маркетиншки трик, ние се сакаме: Сопругот на Тања Савиќ со нови детали за нивниот однос

Пејачката Тања Савиќ осум месеци јавно тврдеше дека нејзиниот сопруг Душан е насилник, дека ги грабнал децата и ги однел во Австралија. Сепак, се чини дека српската музичка ѕвезда му простила за се’. Тања потврди дека се смириле, а сега тој во ексклузивен разговор за српскиот портал Ало, истакнува дека всушност никогаш не се скарале и дека нивната медиумска војна била само маркетиншки трик.

Тања и јас се смиривме – вели Душан Јованчевиќ додавајќи дека со сопругата се слушаат секој ден, по неколку пати дневно.

Ми вели дека ме сака и дека мисли на нашата љубов бескрајно. И јас се чувствувам на истиот начин – изјави тој.

Според неговите тврдења, всушност целата нивна приказна за грабнувањето и насилството била фарса за јавноста.

Луѓе, ние се сакаме! Сето ова што го направивме, беше наш договор за да кренеме прашина  – изјави Јованчевиќ.

Тој потоа ги покажа СМС пораките што си ги размениле со Тања, а за кои тврди дека се од пред неколку дена. Во нив, таа му укажува дека навистина го сака и дека и’ недостига.

Тања прави маркетинг за себеси, бидејќи треба да издаде нова песна – вели Душан, одговарајќи на прашањето зошто досега во јавноста го зборуваше токму спротивното.

Наводно сопружниците се договориле и да се видат штом ќе стивне пандемијата с коронавирусот

Тања ќе дојде во Австралија кај нас. Кога ќе пристигне нема да излеземе од собата еден месец – додава Душан.

 

Извор:  alo.rs