Четири лица повредени во две сообраќајни незгоди – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 6:04 PM

Четири лица повредени во две сообраќајни незгоди

Триесет и осумгодишен прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода – соопшти денеска МВР.

Незгодатата се случила вчера на патот Прилеп – Кавадарци, кај каменоломот кога патничко возило „форд фиеста“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од триесет и шестгодишен маж, излетало од патот. Повредениот сопатник е хоспитализиран во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во друга сообраќајна незгода пак, која се случила во во Штип на ул.„Брегалничка“ со тешки телесни повреди се здобил педесет и едногодишен штипјанец, а повредени се уште две лица од истиот град. До незгодата дошла кога се судриле две патнички возила „форд мондео“ и „ауди а3“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.