(видео) Нема информација дека Холандија и Данска ја поддржале Бугарија во блокада, Каракачанов негира – нема вето од Бугарија (се’ уште) – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 4:14 PM

(видео) Нема информација дека Холандија и Данска ја поддржале Бугарија во блокада, Каракачанов негира – нема вето од Бугарија (се’ уште)

За наводната пооддршка за бугарската блокада на Македонија во ЕУ, објавена од еден бугарски медиум,  вицепремиерот на Бугарија Краисимир Каракачанов во емисијата „Стадион“ на Канал 77, рече дека нема таква информација. Каракачанов негираше и дека Бугарија ставила вето.

-Разговорот за членството на Македонија во ЕУ многу погрешно се претставува во Македонија. Бугарија не стави вето, туку постави критириуми според кои треба да се спроведе првата меѓувладина конференција. Бугарија беше првата држава која основна цел на надворешната политиката и беше интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.  Ние очекувавме дека во рамки на неколку години, Договорот ќе се спороведе. Три години и три месеци Договорот не се исполнува. Ниту Комисијата работи, ниту е отстранет говорот на омраза. Нашата поддршка не може да биде безусловна. Кога Република Македонија ќе биде спремна на конструктивен договор, ние сме спремни. Но, има некои рецидиви од времето на Југолавија кои во 21 век не се нормални. Какво добрососедство, кога во последниот период во Македонија има 15.000 негативни статии за Бугарија, вели Каракачанов.