(видео) Заев: Не се каам за тоа што го кажав во интервјуто за БГнес – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/20 3:26 PM

(видео) Заев: Не се каам за тоа што го кажав во интервјуто за БГнес

Во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, премерот Зоран Заев беше прашан и за интервјуто за бугарската агенција БГнес, која предизвика бројни рекации на негодување и гнев во македонската јавност.

– Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Јас како струмичанец се сеќавам на свиждањето за да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“. Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, рече Заев во „Стадион“.