Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/18 1:49 PM

Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп

Притвор од 30 дена му е одреден на 70-годишниот прилепчанец кој изврши полов напад врз петгодишно девојче.Во денешниот полициски билтен се наведува дека против 70-годишниот С.Ч. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.Случајот во полиција го пријави 23-годишната мајка на девојчето. Старецот ги извршил половите дејствија врз девојчето додека тоа си играло на улицата „Никола Карев“ во Прилеп.

 

Извор:МИА