Српска водителка позитивна на ковид-19: Не личам на ништо, короната е одвратна – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 10:41 PM

Српска водителка позитивна на ковид-19: Не личам на ништо, короната е одвратна

Српската водителка, Тијана Стоисављевиќ е заразена со коронавирусот. Убавата водителка на својот профил на Инстаграм објави фотографија во пижами, под која напиша дека има поблага клиничка слика.

На овие кои велат дека короната не постои и дека се работи за теорија на заговор, само би им кажала „о даа, постои драги мои и одвратна е “ – напиша Тијана и додаде:

„Денес најпосле можам да се избањам, а тоа да не претставува подвиг и да не се чувствувам како да сум трчала на маратон. Не личам на ништо, извинете, но кога си болен така и изгледаш. Како некој кој имаше полесни симптоми, морам да ви кажам дека е ужасно“.

 

Извор:  mondo.rs