„Во оваа ситуација само Господ може да не спаси. Молете се. Јас се молам секој ден, за семејството, за народот, за сите. Што побргу ова да помине. Јас сум му благодарна на Бога што цел живот е со мене, ме водел за рака низ целиот живот. Бил со мене во сите мои тешки моменти. Ова го зборувам од искуство и многу искрено“, вели фолк дамата Блага Петреска, која скоро секој ден ја чита Библијата, но и други книги со кои си го храни духот.
-Во оваа ситуација кога сите сме исплашени за своето здравје и кога духот секој ден се повеќе ни паѓа, јас само читам. Буквално се читам. Духовно се хранам. Сега, во оваа состојба само духот треба да се храни. Ова е духовна борба. И немој да мислат луѓето дека се забегани ако ја читаат Билбијата. Ја читаш, ќе се нахраниш и веднаш си друг човек, вели Блага и додава:
-Сама живеам, средбите со луѓето ми се сведени на минимум а јас по природа сум весел човек и ова тешко ми паѓа. Затоа навистина многу читам и духот до сега не ме издал, само благодарение на Бога. Еве од Евангелието според Јован, 14/27. :Ви давам мир- Мојот сопствен мир ви го давам. Мирот што Јас ви го давам не е како мирот што го дава светот. Затоа не вознемирувајте се и не плашете се!: Или еве уште едно од Библијата- Боже, Ти си не создал за Себе. Срцата ни се неспокојни, се додека не се успокојат во тебе. И навистина многу поубаво се чувствувам. Господ вели: Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, кога од се срце ќе Ме побарате. Ова е од Јеремија 29/13, советува Петреска.
Таа максимално внимава и не сака ниту таа да се зарази, ниту, пак, некој друг да биде заразен од неа. Иако тешко и паѓа, како и на сите, ама маската и социјалната дистанца секојдневно ги практикува.
-Моето единствено движење е до пазар и тоа секако со маска. Иако ако веруваме во Бога и не треба толку да се плашиме, бидејки стравот, пак, носи друга болест. Ако веруваме во Бог треба да се надеваме на неговата милост. А ова ќе помине, се што дошло поминало. И покрај се мене сеуште ме држи духот затоа што сум верник. Одам на пазар, се смеам со луѓето, им давам утеха, ги тешам. Сакам позитивно да им делувам. А и Господ верниците си ги поткрепува и им дава сила. Жал ми е што заради ситуацијата не можам да одам во црква, тоа тешко ми паѓа, па дома си ги кажувам молитвите, додава таа.