Париз во српско село: Во дворот си изгради Ајфелова кула висока 13 метри – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 5:42 PM

Париз во српско село: Во дворот си изгради Ајфелова кула висока 13 метри

Драгиша Милановиќ од селото Плажане кај Деспотовац, Србија, го напуштил родното место како 21-годишник, а потоа 42 години живеел и работел во Франција, каде што стекнал и пензија.

Сега, по враќањето, во дворот на семејната куќа во родното село изгради мини-верзија на Ајфеловата кула, како израз на љубовта кон Париз и Ајфеловата кула. Висока е 13 метри и тешка еден тон, а ја подигнале тројца работници. Семејството првин не се сложувало со неговата идеја, пренесуваат српски медиуми.

„Соседите на почетокот се плашеа дека Ајфеловата кула ќе привлекува громови и оти може сите да ги убие. Сега доаѓаат многу луѓе и сакаат да се сликаат. Велиечествена една кула, ќе остане еден спомен“, вели Драгиша.