Гроздановска: Правилата за примање ковид вакцина е како за сите други вакцини – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 4:32 PM

Гроздановска: Правилата за примање ковид вакцина е како за сите други вакцини

Доколку сакате да се вакцинирате против Ковид 19, со вакциние кои во нашата земја се очекуваат да пристигнат во првите три месеци од следната година, нема посебни правила или протоколи. Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација вели дека правилата за примање ковид вакцина е како за сите други вакцини.

„Се прима во општа добра здравствена состојба, пациенти кои прележале ковид во зависност од состојбата во која што се наоѓаат и временскиот период ќе можат и доколку сакаат може да ја примат ковид вакцината, но имајќи во предвиде дека ќе имаме приоритетна листа ќе треба на некој начин да се приоритизираат тие категории. Од хроничните болните ќе се прави приоритизација од нивната здравствена состојба, најчесто тоа се кардиоваскуларните заболувања, респираторните и малигните заболувања“, рече Гроздановска и додаде дека засега од групата приоритетни иземени се децата.

Таа вели дека ефектот од ковид вакцината може да се очекува по еден месец од примањето на втората доза.

„Тоа што сега го гледаме бидејќи ги добиваме резултатите само од клиничките испитувања, после 21 ден од втората доза би можело да се очекува покачување на тетрот на антитела заштитни, кога вистински ќе дојде ќе биде индивидуално. Како и за секоја вакцина по примање на втората доза најмалку еден месец по примањето се очекува заштитниот ефект на вакцината“, вели Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација вели дека правилата за примање ковид вакцина е како за сите други вакцини.

Г.Д