Ница загуби, а Патрик Виера од денес е на листа во Агенцијата за вработување – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 1:21 PM

Ница загуби, а Патрик Виера од денес е на листа во Агенцијата за вработување

После две ипол години на кормилото на францускиот тим од Азурниот брег, играчката легенда на Арсенал ја напушта Ница. Патрик Виера по вчерашниот пораз од Баер Леверкузен во групната фаза од Европа Лига доби отказ.

Лошите резултати на двата главни фронта предизвикаа огромно незадоволство помеѓу навивачите, кои вчера во непријателска атмосфера го блокираа клупскиот автобус на Ница.

Местото број 11 во Ligue 1 и третото место со само три освоени бодови во групата Ц од Европа Лига, беа и повеќе од доволна причина за раководството на Ница да му врачи отказ на поранешниот тренер на Њу Јорк Сити.

Неговиот наследник на клупата засега не е познат.