Никола Јокиќ: Да бидам искрен, гајле ми е за Лејкерс – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/20 12:32 PM

Никола Јокиќ: Да бидам искрен, гајле ми е за Лејкерс

Српскиот репрезентативен центар, Никола Јокиќ, во пресрет на новата сезона која започнува на 22 декември зборуваше за потценетата позиција во изминатите години на неговиот тим Денвер Нагетс и за тоа како медиумите и јавноста никогаш не ги ставаат Нагетси во фаворитска позиција.

Некогашниот играч на Мега истакна дека на крајот од денот таквиот наратив воопшто не го интересира, а тоа што имаат да го кажат момците на Мајк Малоун го кажуваат на паркетот.

-Дури и сега сите зборуваат за тоа како Клиперс загуби, не зборуваат за тоа како Нагетси победија. Нас не ни е гајле поради тоа што никој не ни дава почит. Ние ќе бидеме тука. Бевме во незгодни и тесни ситуации минатата сезона. Се боревме. Само поради тоа што некој не ни дава кредит, не значи дека ние ги прифаќаме нивните мислење. Знаеме за што сме способни, рече Јокиќ.

И Јокиќ е во право. Нагетси лани во два наврати успеаја да се вратат од 3:1 дефицит и да направат неверојатен камбек. Прво против Јута Џез, а подоцна против Лос Анџелес Клиперс. За нивна жал, немаа доволно енергија и квалитет да се носат со шампионот Лејкерс во конференциското финале.

-Да бидам искрен, гајле ми е за Лејкерс. Тие секако ќе бидат добри. Она што се случува со нас, ми се допаѓа. Понекогаш промените се добри за тимот. Да се внесе нова енергија, нови момци, нови индивидуалци. Мислам дека ќе биде интересно и одвај чекам да видам каков ќе биде ликот на овој тим, изјави Јокиќ.

Нагетси засега се засилија со ЏаМајхал Грин и Факундо Кампацо од Реал Мадрид.

 

 

Фото:

aa.com.tr