Летна, сочна и вкусна, баш како што му доликува на топлото време! Мусаката е традиционално проверено јадење кое сите го обожаваме, па може да се каже и без исклучок. А овој, пат, ви предлагаме да ја пробате со мали измени и во подобрена летна верзија. Време е за мусака од тиквички со мелено месо во сос!
Идеална за очи, за вкус, за да ја краси трпезата, да ги радува од најмлади до највозрасни. Придружете ни се и вие во светот на вкусовите и направете ја, фантастична е!
Состојки:
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 4-5 лажици брашно
- 100 гр лебни трошки
За фил:
- 300 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- масло по потреба
- прстофат ситна црвена пипер
- мешан зачин по потреба.
За кремаст прелив:
- 2 јајца
- 200 мл павлака
- 4 лажици мајонез
- 2 лажици кечап
- рендан кашкавал по потреба.
Подготовка:
- Прво припремете ги тиквичките. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на кругови. Mалку посолете ги и оставете ги околу 30 минути да отстојат, за да ја испуштат водата.
- Во меѓувреме припремете го филот. Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Кромидот исто така излупете го и исечкајте го на ситни коцки.
- На оган ставете тава со малку масло да се загрее. Штом маслото добро се загреало, прво ставете го претходно припремениот лук малку да се пропржи со постојано мешање.
- Откако ќе пушти ароматичен мирис или по 1-2 минути, додајте го и кромидот. Може да додадете и малку вода.
- Повремено мешајте, а откако кромидот ќе се запржи, во тавата додајте го и меленото месо и пржете ги заедно.
- Зачинете со црниот пипер, малку сол,мешан зачин и прстофат ситна црвена пипер. Тавата со готовиот фил тргнете ја од огнот.
- Во сад изматете ги јајцата, а во одделни садови припремете ги и брашното и лебните трошки.
- Секој од круговите тиквичка извалкајте го прво во брашно, па во јајце, па во лебни трошки и редете ги како и за обична мусака во тава. По желба, тавата може да ја обложите со хартија за печење.
- Откако сте наредиле ред од така припремените тиквички, распоредете го филот. Наредете уште еден ред тиквички припремени на истиот начин.
- Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути.
- За тоа време припремете го кремастиот прелив. Во сад изматете ги јајцата со помош на виљушка, па додајте го мајонезот,кечапот и павлаката. Измешајте добро. На крај додајте го и изренданиот кашкавал во количина по желба.
- Откако поминале 20 минути од печењето, додајте го преливот од горе, декорирајте со шери домати или поинаку по избор и печете уште 20 минути, или додека површината убаво се зарумени, зависно од рерната. Најдобро е кога е топло, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез и Домашна пеперони пица.
Преземено од:sezahrana