Експлозија се случи рано утрово во рафинеријата за нафта „Енген“ во Дурбан, Јужна Африка, изјави претставник на локалната полиција.
Како што изјави за Ројтерс, полицијата сè уште не добила извештаи дали има повредени или мртви.
Shockwaves as a result of a tanker exploding at the Engen Oil Refinery, along Tara road in Wentworth, have been felt as far out as Durban Harbour, Clare Estate and Bluff #KZN
Emergency services are on scene, no injuries or fatalities have been reported as yet.#Durban#Engen pic.twitter.com/tcXK5kjfqR
— Jarryd Subroyen (@JJSubroyen) December 4, 2020
Компанијата „Енген“ денес соопшти дека пожарот што избувнал во една од рафинериите е изгаснат и дека се утврдува причината за неговото избувнување.
Во соопштението не е наведено дали има повредени или имало влијание на пожарот врз производството. Во соопштението се додава дека наскоро ќе објави дополнителни детали.
Durban – Explosion at the Engen Refinery pic.twitter.com/YriOQkRFoA
— Rob Beezy (@TrafficSA) December 4, 2020
Службите за итни случаи во провинцијата Квазулу-Натал претходно соопштија дека седум лица се повредени во експлозијата во рафинеријата.
Според веб-страницата „Енген“, рафинеријата Дурбан има производствен капацитет од 120.000 барели нафта дневно.
Таа е втора по големина рафинерија во Јужна Африка.
Преземено од: https://www.blic.rs/