Тоа што ти и пријателот понекогаш имате секс, не значи дека ќе станете пар. Ова е една од сексуалните тајни за кои ретко се зборува. Листата ја објави хрватскиот портал Курир. Прочитајте кои се останатите тајни за сексот:
Понекогаш емоциите што ги предизвикува сексот се толку јаки што ќе ве „преплават“. Тоа е сосема нормално. Понекогаш ќе сакате да плачете и тоа нема да можете да си го објасните ни на самите себе. Сексот умее да делува на чувствителните луѓе.
Понекогаш сексот ќе остави горчлив вкус на усните. Ќе ви се чини дека се’ во вашата врска е одлично, но по секој секс сфаќате дека нешто не оди.
Престанете да размислувате за тоа дека под облеката се крие некоја друга личност. Ако партнерот е пасивен кога е облечен, таков ќе биде и во текот на сексот и вие нема да можете да направите магија.
Постојат луѓе кои сакаат секс со вас, иако тоа никогаш не сте го очекувале со нив. Сепак, тоа можеби се луѓе со кои вие никогаш не би имале секс.
Сосема е во ред понекогаш да сакате да одморите од сексот, односно да мирувате некое време. Сепак, не апстинирајте предолго.
Можеби ќе се заљубите во личноста со која имате секс, но повторно нема да сакате да се врзувате бидеји си ја почитувате сопствената слобоа. Имајте на ум дека вашиот секс не ве врзува автоматски за партнерот (ова особено треба да го имаат на ум жените кои преку секс сакаат да стигнат од брак).
Извор: stil.kurir.rs