Откако стана дел од реалното шоу Задруга 4, Никола Ѓорѓевиќ не престанува да открива детали за неодамна раскинатата врска со Сања Вучиќ, која е дел од музичкото трио Hurricane.
-Таа е потполно луда. Знае да избувне за глупост и сешто и’ паѓа на памет. Таа тренира бокс, па се случуваше и да се степаме. Еднаш толку силно ме удри во главата, па течеше крв на сите страно. Раскинавмо бидејќи и пречеше што постојано бев во женско друштво – раскажува фитнес тренерот, а пренесува Информер.
Таа неколку пати виде други девојки со мене на моторот, па се каравме околу тоа. Останавме во добар однос, дури неодамна ми прати некои свои песни – додаде тој. Освен тоа, Никола откри дека пејачката била зафатена вo моментот кога почнала да флертува со него.
-Ми пријде на улица. Се сеќавам дека имаше некој краток шорц. Прво ме праша на која возраст сум, а јас излажав дека сме врсници. Тогаш таа имаше момче, но врска та им беше на стаклени нoзе – открива Ѓорѓевиќ.
Извор: pulsonline.rs