Во магазинот Brillianmaps е направена мапа на навреди на европскиот континет, на која е напишана по една реченица што би требало најмногу да ги изнервира жителите на една земја, а опфатени се речиси сите европски, пренесуваат „Луфтика.рс“ и „Дневно.рс“.
Еве дел од тие „вознемирувачки“ реченици, според магазинот.
АВСТРИЈА: Дали Вие сте Германец?
ШВАЈЦАРИЈА: Белгиската чоколада е подобра.
ФРАНЦИЈА: Американските вина се подобри.
ПОРТУГАЛИЈА: Вие зборувате бразилски.
РОМАНИЈА: Преубава земја сте, ја обожуваме Будимпешта!
НОРВЕШКА: Дали ова е западна Шведска?
ХРВАТСКА: Срби католици.
СРБИЈА: Тесла е Хрват.
СЛОВЕНИЈА: Алпски Срби.
БУГАРИЈА: Дали уште ја користите руската кирилица?
МАКЕДОНИЈА: Јужни Срби.
ГРЦИЈА: Македонија на Македонците.