Корона вирусот раздели пар што живееше заедно повеќе од половина век за само две недели – Дејвид (76) и Марија Емот (74) починаа по 52 години брак како резултат на компликации предизвикани од Ковид 19.
Првиот кој починал на 18 октомври бил Дејвид, кој дознал дека имал Ковид 19 по тестирањето по опструкцијата на белите дробови, објави „Дејли меил“.
Тој бил пренесен во болница, каде починал, а неговата сопруга Марија колабирала во нивниот дом во Олдам, близу Манчестер, неколку дена подоцна – починала на 1 ноември.
Нивната внука на Кејти (31), која живеела со нив, изјавила дека срцето и е скршено. “Тие за мене беа како татко и мајка. Разговарав со баба Марија секој ден и немаше несогласувања, дури и кога беше зафатена или пиеше чај, ручаше, секогаш оставаше сè настрана и зборуваше со мене”, – раскажала Кејти.
Починатиот пар од Англија ја прослави својата 52-годишнина од бракот во септември во еден локален паб, а само девет дена подоцна започна нивната трагедијата, кога Дејвид се разболе од опструктивна белодробна болест, што се покажа како резултат на корона вирусот. Тој прими вакцина против сезонски грип една недела претходно, а семејството рече дека тој не покажувал некои посебни симптоми на болеста.
Давид беше во самоизолација 15 дена, но повика брза помош на 15 октомври, бидејќи не можеше да дише. Почина три дена подоцна во болницата, на одделот за интензивна нега.
Кејти и нејзината баба можеа да го посетат во болницата, но не можеа да разговараат со него во живо.
На Марија и се слошило само неколку дена по смртта на Дејвид, направила тест, открила дека е позитивна, а потоа на 1 ноември ја загубила битката со животот.
Двајцата се венчаа во 1968 година и беа погребани заедно, еден до друг на гробиштата Олдам.
Преземено од: https://www.b92.net/