Иако во класична смисла ропството е забрането низ целиот свет, денес во светот има многу поголема популација на робови под форма на „модерно ропство“ во споредба со кој било друг период во историјата.
Според класичната дефиниција, ропството значи лишување на основните слободи на индивидуата, и тоа е широко користено од различни цивилизации низ историјата.
Според експертите, во период од 400 години помеѓу 15 и 19 век, најмалку 13 милиони луѓе биле киднапирани од страна на трговците со робови и работеле како робови.
Значителен број од овие луѓе се испратени во прекуморските колонии основани од европските колонијални сили и биле принудени да работат како робови со генерации.
Од почетокот на 19 век трговијата со робови беше забранета од многу земји, особено од Велика Британија и САД, исто така и од Османлиската Империја кон средината на векот.
Денес ропството е забрането во речиси секоја земја.
Сепак, во денешниот свет концептот на ропство продолжува да постои под формата на „модерно ропство“ и продолжува да биде најголемиот срам на човештвото.
Современо ропство
Современото ропство се дефинира како злоупотребување со насилство, закани, измами, уцени, а злоупотребеното лице не може да се спротивстави и да се откаже од таа ситуација.
Според извештајот за Глобалниот индекс на ропство во 2018 година на „Walk Free Foundation“, во светот има приближно 40,3 милиони модерни робови.
Ова значи дека денес во светот има далеку поголема популација на робови отколку во кое било друго време во историјата.
Според извештајот, 15,4 милиони современи робови се оние кои се принудени да стапат во брак и 24,9 милиони се оние кои се принудени да работат.
Од лицата подложени на модерно ропство, 71 процент се жени, а повеќе од 10 милиони деца се наоѓаат меѓу жртвите на современото ропство.
Современа економија на ропството
Според извештајот, современото ропство се манифестира во многу сектори, од облека до земјоделски работи, од рударство па сѐ до сексуална работа.
Меѓу овие лица робови се наоѓаат и рибарите кои се принудени да работат по 20 часа на ден во Тајланд. Исто така, тука спаѓаат и луѓето вработени во индустријата за миење автомобили во Велика Британија, кои се по потекло од источноевропските земји.
Покрај тоа, модерните робови можно е да ги најдете во домовите на некои дипломати во Австралија.
Се проценува дека најмалку 354 милијарди американски долари е годишната вредност на производите произведени од современите робови.
Соединетите Американски Држави се најголем увозник на овие производи со 144 милијарди долари, следуваат Јапонија со 47 милијарди долари, Германија со 30 милијарди долари и Велика Британија со 18 милијарди долари.

Дистрибуција по региони и земји
Исто така, според овој извештај, од секои илјада луѓе, 5,4 се изложени на ропство.
Во Африканскиот Регион, од секои илјада луѓе, 7,6 животот го продолжуваат како робови, така што со оваа стапка Африка е на прво место во светот. На континентот 9.240.000 луѓе се модерни робови.
Забележително е тоа што две третини од овие робови се заробени преку присилен брак.
Од друга страна, во светот, Азиско-пацифичкиот Регион е домаќин на најголемото население на современи робови. Тука приближно 25 милиони луѓе се модерни робови. Според бројот на жители, континентот е втор по Африка. Од секои илјада луѓе, 6,1 се модерни робови.
Две третини од робовите во регионот се принудени да работат.
Во Европа и Евроазија, 3,9 од секои илјада луѓе се современи робови. Вкупното население на овие луѓе е 3.590.000.
Иако земјите од Западна Европа се во првите редови во борбата против современото ропство, регионот со оваа стапка е на третото место во светот. Покрај тоа, 91 процент од современите робови кои живеат тука се лица кои се принудени да работат.