За некои видови чај се верува дека имаат магични својства, а чајот од камилица би можел да биде баш таков. Чајот од камилица е добар за решавање на многу проблеми, од подобрување на сонот, до подобрување на работата на срцето.Кои се најголемите придобивки од него прочитајте во продолжение.
Справување со анксиозноста
Голем е бројот на луѓе кои патат од анксиозност, што пак, се смета за најчест ментален проблем на светско ниво. За некои луѓе, лечењето со лекови не секогаш е најдобра опција, но за среќа постојат многу алтернативни решенија. Чајот од камилица е познат по тоа што ги олеснува симптомите така што поттикнува поквалитетен сон.
Подобар сон
Една шолја чај од камилица пред спиење и не е некоја нова навика. Всушност, долги години се смета дека овој чај им помага на луѓето што патат од несоница. Смирувачкиот ефект е заслуга на антиоксидансот апигенин.
Намалување на грчевите
Чајот од камилица делува против грчеви, односно ги смирува стомачните тегоби. Шолја чај од камилица може да ги ублажи и менструалните грчеви и надуеноста.
Подобро здравје на срцето
Антиоксидансите што се наоѓаат во овој чај би можеле да ги намалат шансите за развивање на срцеви болести. Некои студии покажале дека овој чај го регулира крвниот притисок, но и холестеролот. Помага за справување со стресот, но поттикнува и подобар сон. Со редовна употреба на овој чај можете и да го контролирате крвнио притисок.
Иако овој чај може да биде од помош во многу ситуации, тој може да го зголеми ризикот од крварење кај луѓето што користат лекови за разредување на крвта.
Шеќер во крвта
Научници од Иран откриваат дека овој напиток може да влијае на намалување на нивото на шеќер во крвта, што секако е важно за сите кои имаат срцева болест. Иако е потребно да се спроведат уште истражувања, едно истражување во кое учествувале 64 испитаници со дијабетес тип 3 на возраст од 30 до 60 години покажало дека овој чај го намалува нивото на шеќер во крвта. Имено, половина од луѓето пиеле чај од камилица осум дена со секој оброк, додека останати пиеле вода. Групата што пиела чај имала значително пониско ниво на шеќер во крвта од другите испитаници.
Најчестите нуспојави од овој час се повраќање, иритација на очите и алергиска реакција. Ако планирате овој чај да го вклучите во својата дневна рутина, разговарајте за тоа со својот лекар.