„Подобро да поминеше Англија, Хрватите имаат некоја необјаснива сила!“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/18 9:24 AM

„Подобро да поминеше Англија, Хрватите имаат некоја необјаснива сила!“

На вчерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија сите навиваа за некого, па и Французите. Дека не им се остварила желбата за противник во финалето сведочи еден текст на „Л’Екип“.

Реномираниот француски спортски весник ѝ посветил цела страница на Хрватска, делејќи комплименти по вчерашната победа. Велат дека подобро ќе беше да биде Англија, ако е позвучна европска сила.

„Не гледаме како за Франција може да биде добра вест тоа што во неделното финале ќе играме против Хрватска. Многу подобро би било да поминеше послабата екипа, бидејќи тоа е Англија. Ќе беше идеален противник, а не Хрватска. Овој е противник, кој влече сила од некои непознати длабочини, со Лука Модриќ, кој в недела ќе игра за Златната топка. И не е само екипата, туку цела земја, која ја тресе невидена треска“, пишува „Л’Екип“.

Французите не заборавиле дека токму Хрватска страдаше од нив на ист начин, како синоќешниот, во далечната 1998 година. Тогаш Лилијан Турам со два гола направи пресврт за 2-1 за Франција во полуфиналето, па велат, Хрватите сега ги истераа старите духови од „Стад д Франс“. Единствената надеж им е дека ќе бидат уморни, но…

„Најголема шанса за Франција ќе биде токму заморот, кој сигурно се наталожил кај Хрватите. Но, бидете сигурни дека нема да бидат лесен противник, како што тоа мислеа Англичаните. И уште една работа, Хрватска доаѓа во финалето како Португалија во 2016. Без никаков притисок, кој сега паѓа на грбот на Франција“, вели авторот.

Преземено од:sport1