Легендарниот Диего Армандо Марадона (Диего) почина пред седум дена во неговиот дом во Сан Андрес близу Буенос Аирес.
Аргентинскиот портал „Тодо Нотицијас“ покажа слики од куќата во која се наоѓал Марадона. Аргентинската јавност посветува особено внимание на просторијата во која почина Марадона.
Аргентински „Оле“ пишуваат дека просторијата во која починал Марадона не ги исполнувала условите за сместување и престој на тешко болен пациент. Тој требаше да биде под постојан надзор и медицинска нега, но аргентинските медиуми наведуваат дека условите таму не биле соодветни за такво нешто.
Преземено од: https://sport.avaz.ba/