Засилување на довербата во Договорот за пријателство, особено неговата ефикасност и имплементација е излезот за да се најде решение во прашњето со Бугарија, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Создаваме низа механизми преку кои се обидуваме да ја засилиме довербата во политичкиот дијалог помеѓу двете земји, особено да ја вратиме довербата за Договорот за пријателство од 2017 година. Како што веќе информирав работиме и на дополнителни форми на акциски планови преку кои не само декларативно туку и суштински покажуваме со разни намери да ја засилиме довербата во Договорот за пријателство, особено неговата ефикасност и имплементација. Во таа насока дополнително на овие политички механизими нашата интенција е да се посветиме на имплементација на Договорот преку назначување на специјален претставник чија мандатна цел ќе биде токму релизација на прашањата во интересн на двете земји опфатени со Договорот за пријателство. Јас би рекол враќање на довербата во овој најзнаечаен механизам за надминуавње на меѓусебните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Османи.
Многу е важно, вели тој дека не назначуваме техничко лице туку поранешен премиер на земјата, кој во својот мандат има остварено значаен придонес во унапредувањето на односите на двете земји кој во исто време е добар познавач на билатералните односи помеѓу двете земји.
„На крај ние со оваа одлука ја пополнуваме диполоматската празнина што немаме назначен амабасадор во Софија каде во моментот имаме вршител на должност и тоа со далеку посилен претставник отколку редовен дипломат. Ние како МНР со целиот свој дипломатски капацитет остануваме и понатаму посветени на билатералните односи со Бугарија, со што во иднина очекувам да имаме блиска и тесна соработка со господинот Владо Бучковски што беше и тема на денешните разговори“, вели Османи.
Поранешниот премиер Владо Бучковски, во своето обраќање рече дека со неговото искуство и довербата која ја има од бугарската јавност ќе биде јасен сигнал за посветеноста на нашата Влада во исполнувањето на преземените обврски од Договорот за пријателство и соработка од 1 ви август 2017 година.
„Со задоволство го прифатив овој предизвик затоа што сум убеден дека можеме да стигнеме до решение кое ќе го деблокира процесот, а од друга страна ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство“, рече Бучковски.
На новинарско прашње што конкретно ќе биде преземено во наредните осум дена до одржување на Министерскиот состанок, Бучковски не беше прецизен, но е убеден дека ќе се изнајде решение.
„Најпрво да ве потсетам дека во дел од документите што предизвикаа бура на негодувања во нашата јавност е објаснувачкиот меморандум на бугарското МНР, каде што во делот каде што се говори за атмосферата која што е создадена во нашата држава околу реализацијата на Договорот, се посочуваат три личности според нивно мислење кои макотрпно се борат за исполнување на договорот. Споменато е моето име и презиме, професорот Денко Малевски и поранешниот премиер Љупчо Геогиевски. Моето именување и овој документ кој го имаме и во фазата која што следи врз основа на договорот што го направивме со министерот за надворешни работи, ние имаме сериозни предизвици да ја забрзаме имплементацијата на Договорот не само во делот на историските прашања, ние го свртевме фокусот на вниманието на експертската научна комисија зошто не испорачала доволно резултати според мислењето на нашите бугарски пријатели. Но од друга страна инфраструктурните проекти, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, културата, на медиумите е голем предизвик и мислам дека амбициозниот план кој го МНР е дополнителен предизвик за мене да настапиме во овој период, кога не знаеме дали за една недела може да се случи чудо, но до последен момент ќе се бориме да се изнајде решение. Работат експертските групи, јас од аспект на мојата позиција ги координирам сите мои активности со претседателот на Владата и со министерот за надворешни работи. Јас не сум „асот од ракавот“ или „џокерот“ кој го влече денеска министерот за надворешни работи и Владата. Јас ја немам таа формула, но јас го имам искуството, но ги имам одгласите од Софија од влијателни кругови кои ги оечкуваат резултатите од променетите околности од изминатите 12 месеци, мора да признаеме дека мора да имаме дијагнози на состојбите кај нас, кои беа очекувањата пред ветото и кои се сега инструментите кои стојат на располагање, мислам дека имаме сериозна посветеност и внимание на отворените прашања, но заради чувствителноста на моментот не можам јас како нов во делото од тимот, посебно што не сум лидер од тимот да давам било какви дополнителни информации“, изјави Бучковски.
Тој смета дека сме на вистински пат, и појаснува дека интензивно работи комисијата.
„Убеден сум дека ќе најдеме решение но не за седум дена, може ќе биде потребно дополнително време. Но сме на вистинскиот пат. Јас заради моето искуство нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги испраќаме пораките преку медиумите. Интензивно работи нашата комисија, имаме инструменти кои ни ги дава договорот за пријателство и соработка, ако тие инструменти досега се користеа немаше да додје до оваа криза. Бидејќи според мене затоа што ги слушам често сугестиите или кристиките кон нас од бугарска страна за не почитување на дел од договорот членот 8 и 11, ние имаме сериозни аргументи кои се испорачани на другата страна. Се чекаат претставниците на министерството во последните неколку дена, реакциите од другата страна јас го почитувам и она што го говорам и знам врз основа на слични кризни ситуации. Молкот од нашата страна, кога се молчи е подобро да се дојде до посакуваното решение“, изјави Бучковски.
Г.Д