Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, му посака добредојде во НБА на поранешниот соиграч од Реал Мадрид. Факундо Кампацо следната сезона ќе го носи дресот на Денвер Нагетс и со Џамал Мареј и Никола Јокиќ ќе се обиде да му помогне на тренерот Мајк Малоун за уште едно конференциско финале во најмала рака.
На „видео конференција“ за клупскиот медиум, Словенецот ги постави целите и плановите за кампањата 2020/21 и попатно го коментираше трансферот на светскиот шампион со селекцијата на Аргентина.
-Не сум среќен што доаѓа бидејќи тој е одличен играч. Среќен сум поради тоа што е овде, секако. Заслужува. Ќе се радувам за секоја негова добра партија, освен кога ќе игра против нас, изјави Дончиќ.
Тој додаде дека би сакал следната сезона Далас да биде поконкурентен и да се бори за прстен.
Фото:
marca.com