Леброн Џејмс верува дека Лејкерс може да го повтори ланскиот успех – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/20 1:06 PM

Леброн Џејмс верува дека Лејкерс може да го повтори ланскиот успех

Директно и без лажна скромност, најдобриот НБА играч и актуелен шампион со екипата на Лос Анџелес Лејкерс, ја даде својата прогноза за претстојната 2020/21 сезона во најквалитетното кошаркарско клупско натпреварување.

Од почетокот на новиот милениум, одбрана на титулата во НБА се случила во четири наврати, а Леброн со Мајами Хит беше дел од „бек ту бек“ походот против Сан Антонио Спарс и против Оклахома Сити Тандер.

-Можеме да го повториме успехот. Мислам, едноставно е. Апсолутно можеме. Првенствено да бидеме здрави. Треба да се има некаква среќа. Здравјето е број еден, доколку останеме здрави, можеме, изјави Џејмс на „Road Trippin“ на „ESPN“.

Покрај тоа, Лејкерси навистина одлично работат на пазарот. Замената за Рондо кој се пресели во Хокси е Денис Шрудер, додека пак на местото на Џавал МекГи и Двајт Хауард пристигнаа Марк Гасол и шестиот најдобар кошаркар за изминатата сезона, Монтрез Херел. Весли Метјус како слободен агент пристигна во Калифорнија и ќе го заземе местото на Дени Грин. Од друга страна, Колдвел-Поуп продолжи со „езерџиите“, а најавите се дека новата задача на Роб Пелинка е продолжување на договорите со Кузма и Дејвис.

Сезоната во НБА започнува на 22 декември.

 

 

Фото:

essentiallysports.com