Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на празничниот прием во Белата куќа, наговести дека може повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.
„Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да ги задржиме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години “, рече Трамп, обраќајќи им се на насобраните, меѓу кои имаше и многу членови на Националниот комитет на Републиканците, јави Танјуг, повикувајќи се на АП.
На снимката се гледа како Трамп повторно обвинува за изборна измама, иако државниот обвинител Вилијам Бар за АП порано изјави дека Министерството за правда не открило докази за широко распространета изборна измама и дека не забележал ништо што може да го смени резултатот од изборите оваа година.
„Секако е невообичаена година. Ние победивме на изборите. Но, не им се допаѓа тоа. Јас ги нарекувам наместени избори и секогаш тоа така ќе биде“, рече Трамп.
Видеото, објавено на Фејсбук од еден од гостите, поранешниот претседател на републиканската партија во Оклахома, Пем Полард, покажува десетици луѓе собрани во фоајето на Белата куќа, кои стојат блиску еден до друг. Многу од нив не носеле заштитни маски.
Преземено од: https://vijesti.ba