Кога жена ќе те изнервира можеш да испешачиш дури и 400 километри – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/20 10:31 AM

Кога жена ќе те изнервира можеш да испешачиш дури и 400 километри

Италијанската полиција пресретнала еден маж кој пешачел 400 километри за да си ги разбистри мислите во главата по расправа со неговата сопруга.

Полициската патрола го пресретнала лицето рано наутро во близина на Фан во средна Италија. Бил изморен и измрзнат.

На полицијата и раскажал дека се расправал со сопругата и на 22 ноември го напуштил нивниот заеднички дом во северната покраина Комо. Прво со воз заминал за Милано, а потоа почнал да пешачи. Целта му била Апулија земјата на југот.

Местото каде што е пресретнат од полицијата, се наоѓа на 379 километри од главната миланска железничка станица. Според Google Maps, тој пат се поминува без застанување за 79 часа.
Полицијата лицето го однела во хотел и била повикана неговата сопруга која дошла да земе.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/